Расте бројот на жртви од екплозијата на гас во руски Јарославил

16.02.2016 12:47

Според последните информации спасувачките екипи успеале да извлечат седум жртви, меѓу нив и две деца. Деветмина се повредени и веднаш се пренесени во локалните болници. Кај некои од нив здравствената сотојба е критична и веднаш се оперирани.

Расте бројот на загинати од експлозија на гас во станбена зграда во рускиот град Јарославил. Според последните информации спасувачките екипи успеале да извлечат седум жртви, меѓу нив и две деца. Деветмина се повредени и веднаш се пренесени во локалните болници. Кај некои од нив здравствената сотојба е критична и веднаш се оперирани. 

„Прозорците почнаа да се тресат. Алармите од автомобилите се вклучија. Не слушнав ништо друго, но пожарот беше страшен“, вели еден очевидец.

Претставници на Министерството за вонредни состојби соопштија дека се стравува бројот на загинати дека ќе биде поголем и дека има затрупани под урнатата зграда. 550 спасувачи и 130 возила се на терен, се обидуваат да најдат еветуално преживеани.

„Не знам каде е и што и се случило. Ја баравме на телефонот, но никој не се јавува“, вели една пријателка на исчезната жена.

При експлозијата целосно се уништени петнаесет стана од петкатната зграда, а целосно се урнати и внатрешните скали. 

„Според првичните информации, гас кој бил користен во еден од домовите ја предизвикал експлозијата. Успеавме да евакуираме 130 луѓе. Во моментот се одржува состанок како да им се помогне на семејствата на жртвите“, изјави еден пожарникар.

Истрагата треба да покаже кои се причините за несреќата и дали биле почитувани безбедносните прописи.

 

Марија Петковска