Зголемена побарувачката на огревно дрво
Годинава зголемена побарувачката за огревно дрво. Директорот на Македонски шуми Караџовски вели дека е реализирано 95 проценти од планираното производство за минатата година, а продажбата е зголемена за повеќе од 100 насто...

За десет проценти е зголемена побарувачката за огревно дрво во однос на минатата година, објавија од Македонски шуми.Ова се должи на новите правила за купување, според кои, граѓаните, фирмите и здруженијата треба да пополНат апликација во утврдени рокови. Здруженијата до 15 февруари, а домаќинствата до 15 март. Директорот Караџовски информира и дека се реализирани 95% од планираното производство за минатата година, а продажбата е зголемена за повеќе од 100 насто.
„За секое лице со кое склучуваме договор, правно или физичко, земаме обрска за испорака на огревното дрво и на тоа се придржуваме“, вели директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски.
Квалитетниот шумски фонд на нашата земја ќе биде предмет на соработка со Австрија. Домашното дрво ќе го проверуваат експерти од оваа европска земја со цел да се дефинираат проекти кои ќе бидат од взаемен интерес.
„Ние произведуваме полуготови производи од дрво, секако и огревно дрво, но токму полуготовите производи ги користиме за извоз“, вели Ингвалд Гешвалд, директор во Федералното министерство за земјоделство на Р. Австрија.
Начелно се договорени едукации на македонските кадри, а планирани се и проекти за оддржливо управување со шумарството како и стратегија за користење на шумската биомаса како обновлив извор на енергија.
Анита Димитријевска
