ФЗОМ: Три нови електронски услуги за осигурениците

16.02.2016 14:14

За користење на новите електронски услуги, осигуреникот треба да биде регистриран на порталот на ФЗОМ, да има сопствен профил на порталот, да има компјутер со интернет пристап, како и читач и електронска здравствена картичка.

Три нови електронски услуги промовираше Фондот за здравствено осигурување. Ќе можат да се доставуваат барања за добивање решенија за ослободување од партиципација, за поврат на средства и за издавање двојазичен образец.

За користење на новите електронски услуги, осигуреникот треба да биде регистриран на порталот на ФЗОМ, да има сопствен профил на порталот, да има компјутер со интернет пристап, како и читач и електронска здравствена картичка.

Според ФЗОМ со новите електронски услуги е постигнато поедноставување на постапката за поднесување  барање за ослободување и рефундација на повеќе наплатена партиципација, информација за статусот на барањето за рефундација во било кое време, информација за рефундација на средства, намалување на хартиената документација, како и користење на  електронските здравствени картички.