Русија ги отфрли обвинувањата за воено злосторство во Сирија

16.02.2016 14:17

Категорично ги отфрламе ваквите тврдења, затоа што секој пат, кога оние кои даваат вакви изјави, секогаш покажуваат неспособност да ги докажат нивните неосновани обвиненија...

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Турција дека Русија извршила воено злостроство во Сирија, откако од ракети беа погодени медицински центри и училишта, при што  беа убиени педесетина лица.

Категорично ги отфрламе ваквите тврдења, затоа што секој пат, кога оние кои даваат вакви изјави, секогаш покажуваат неспособност да ги докажат нивните неосновани обвиненија, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.