Попладнево продолжуваат разговорите за медиумите
16.02.2016 14:20
На последната средба што се одржа минатата недела не се доближија ставовите.

Попладнево продолжуваат разговорите за реформирање на медиумската сфера меѓу претставниците на четирите политички партии, заедно со белгискиот посредник Питер Ванхауте.
На последната средба што се одржа минатата недела не се доближија ставовите. За опозициската СДСМ е прифатлив предлогот на медијаторот Ванхауте, а за владејачката ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив било кој закон од европските држави.
