Панчевски: Судиите во Кривичниот суд решаваат самостојно и независно
Судиите во скопскиот Кривичен суд решваат самостојно и независно, уверува првиот човек на скопска единица, Панчевски. Смета дека Специјален суд не е потребен, но ако има политичка одлука, треба да функционира по примерот на Специјалното обвинителство...

Првиот човек на Кривичен, Панчевски, уверува дека судиите од овој суд постапуваат сосема независно. Според него, за формирање специјален суд, според Уставот и законите, нема простор, но, ако биде донесена политичка одлука- тој би бил по примерот на Специјалното јавно обвинителство.
„Апсолутно потполно целосно независно судство во Основен суд- Скопје 1. Судот работи согласно Законот и Уставот на Република Македонија. Во тоа ве уверувам максимално“, изјави Владимир Панчевски, претседател на Кривичен суд- Скопје.
Потпрестедателот на Консултативниот совет на европските судии Ѓуро Сеса е дециден дека секој судија би требало да оцени дали смее да се впушта во непрофесионализам.
„Мислам дека генерално судиите премногу си ја ценат својата работата за да би си дозволиле да се вовлечат во такви игри, бидејќи тоа за секој судија значи однапред изгубена битка“, смета Сеса.
Оценувањето на судиите не треба да биде според бројот на предмети, туку квалитатитвно- порака од дебатата на која се разменуваа домашни искуства и меѓународни стандарди за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите.
Фиљана Кока
