Реконструкција на фасади во Карпош
Градоначалникот на Карпош, Јакимовски рече дека фасадите се термички и се енергетски ефикасни и со ова се решава еден проблем на граѓаните за наредните 20 години.

Ќе се реконструираат фасадите на зградите долж булеварот „Теодосиј Гологанов“. Градоначалникот на Карпош, Јакимовски рече дека фасадите се термички и се енергетски ефикасни и со ова се решава еден проблем на граѓаните за наредните 20 години.
Започнуваме со фасада на зградите 25 и 35 и продолжуваме по должината од левата страна. Со новите фасади граѓаните добиваат термо изолирани фасади со тоа што зградите се енергетско ефикасни. Инвестицијата на овие две згради е 8.600.000 денари, истакна Јакимовски.
Градоначалникот на Капорш најави дека нов лик ќе добијат и зградите во населбата Козле и долж булеварите „Илинденска“ и „Партизанска“.
