Хан: ОБСЕ/ ОДИХР и ДИК решаваат за изборите
Вицепремиерот за европски прашања, во Брисел се сретна со комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Еврокомесарот одби да каже дали и кога ќе пристигне во посета на Македонија, но потврди дека предвремените парламентарни избори на 24-ти април, зависат од оценката на ОБСЕ/ОДИХР и на Државната изборна комисија, за тоа, дали се обезбедени условите за нивно одржување...

За датумот на одржување на предвремените парламентарни избори, еврокомесарот Јоханес Хан засега е без конкретен одговор. Одлуката за тоа дали има услови, треба да ја донесат ОБСЕ и Државната изборна комисија, а според Пржинскиот договор, одредено е предвремените избори да се одржат на 24-ти април истакна еврокомесарот за проширување и соседска политика.
„Одржувањето на изборите зависи од оценката на меѓународните институции и на Државната изборна комисија, односно од зрелоста на подготовките за изборите. Потоа, тие треба да донесат одлука“, изјави еврокомесарот Хан.
Од Европската комисија сеуште нема потврда за најавената посета на Хан во Македонија, до крајот на неделава, иако тогаш е крајниот рок за соопштување на одлуката за тоа дали има услови за одржување на изборите, според договорот од Пржино кој го потпишаа 4- те најголеми партии во државата.
Инаку денес во Брисел се одржа и конференцијата „Балкански партнерстава- зајакнување на врските во регионот“, во организација на тинк- тенк групата „Пријателите на Македонија“, на која учествуваа комесарот Хан, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, и други високи претставници од регионот.
„Сметаме дека поцврстата соработка со земјите од ЕУ е едниствена политика во рамките на ЕУ за бегалската криза. Македонија продолжува да биде конструктивен партнер, но не може сама да се справува со тоа. Дадовме податоци за резултатите кога постои поцврста соработка, нашите очекувања се да продолжи соработката и во иднина“, изјави вицепремиерот Бесими.
Целосна блокада на границата со Грција од македоска територија ќе значи проблематизирање на билатералните односи меѓу двете држави и решавањето на разликите околу името- порача Хан, потенцирајќи дека актуелната политичка криза во земјава е и последица на тоа што Македонија предлого време е во чекалницата на ЕУ.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
