Петер: Пожарот најверојатно од апарати за заварување

16.02.2016 15:14

За причините на пожарот треба да се почека конечниот извештај, но очевидци дадоа изјави дека истовреме со изградбата на фасадата имало и заварување ...

Најверојатна причина за пожарот што избувна претпладне на фасадата на зградата на ЕВН Македонија,  според генералниот директор Штефан Петер, бил огнот од апарати за заварување.

За причините на пожарот треба да се почека конечниот извештај, но очевидци дадоа изјави дека истовреме со изградбата на фасадата имало и заварување така што најверојатно причината била отворениот оган од апаратите за заварување, изјави Петер, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од истражувањето за бизнис климата во Македонија.

Најважно, како што рече, е што немаше повредени лица, и има само мали оштетувања.