ФЗОМ ја чека комплетната документација за Ханета
Фондот за здравство ја чека комплетната документација за 11- годишната Ханета која има искривување на пршлените. Недостасуваат уште неколку снимки кои ќе бидат доставени до Комисија која ќе одлучи за операција во странство.

До Фондот за здравство сѐ уште не е доставено барањето за операција во странство на 11- годишната Ханета, која има искривување на пршлените. На Клиниката за ортопедија девојчето било на преглед во закажаниот термин. Од Фондот велат дека недостасуваат уште неколку снимки, по што се очекува конзилијарното мислење на лекарите.
„Кога ќе се докомплетира документацијата ќе поднесат барање до Фондот, а комисијата ќе донесе одлука“, изјави директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани.
Од Фондот велат дека освен за Ханeта, на клиниките закажани се прегледи за уште неколку други лица. По наодот и стручното мислење на лекарите, Фондот ќе постапи во најбрз рок.
„Истите тие се јавија на преглед на закажаниот термин. Стручните лица, професорите, лекарите кои работат во клиниките веќе решаваат во натамошните постапки за лекување. Штом ние добиеме конзилијарно мислење за кој било пациент, меѓу кој и пациентката која ја спомнавме ќе постапиме во најбрз можен рок“, изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски.
11 - годишната Ханeта има искривување на пршлените, досега четири пати била оперирана во Анкара, но на своја сметка – раскажа нејзиниот татко. Според него, следната операција се очекува да чини околу 20 илјади евра.
Андријана Атанасовска
