Интел ја претвори Лејди Гага во Дејвид Боуви во настап на Греми наградите

16.02.2016 15:57

Овој перформанс ја демонстрираше моќта на технологијата за издигнување на можностите на артистот за креирање на неверојатно искуство на сцената како никогаш досега.

Интел корпорацијата и шесткратната добитничка на Греми награди, глобалната музичка икона Лејди Гага обезбедија музичко искуство налик ниедно друго на 58-мите годишни Греми награди.  Додавајќи на уникатниот артистички стил на Лејди Гага иновативни технологии од Интел, оваа соработка резултира со диверзитет и повеќеслојно оддавање почит на музичката легенда Дејвид Боуви.

Овој перформанс ја демонстрираше моќта на технологијата за издигнување на можностите на артистот за креирање на неверојатно искуство на сцената како никогаш досега.

„Јас сакам да правам работи што ја интегрираат технологијата со уметноста и моќните искуства,“ рече Лејди Гага. „Јас мислам дека оваа соработка со Интел беше различна од се што сум правела досега. Тие навистина ми дадоа толку многу неверојатна технологија за јас да си играм со неа.“

Тимот на Интел и креативниот тим на Лејди Гага создадоа зачудувачки визуелни и интерактивни содржини кои одговорија во реално време на секое движење во перформансот на изведувачот.

via GIPHY