Инвестиции

Босански „Џој маркетинг“ го проширува бизнисот во Македонија

16.02.2016 16:25

Компанијата „Џој маркетинг“ го зајакнува присуството во земјава. Со нови работници ќе го освојува германскиот пазар...

Босанската компанија која во земјава отвори кол центар ќе отвори дополнителни 100 работни места – најави инвеститорот. Задоволен е од бизнис – климата во земјава. Планот е во наредните четири години, бројот на вработени да се искачи на 500.

„Македонија е на завидно ниво по условите за бизнис на Балканот. Затоа решивме Македонија да биде наша дестинација. Работиме во три земји, планираме бизнисот да го прошириме и во Хрватска. Во Македонија за многу кратко време го отворивме првиот кол- центар“, изјави инвеститорот Мирсад Осмиќ.  

Кол центарот работи за германскиот пазар, па затоа од работниците се бара да го познаваат овој јазик. Надлежните со апел до невработените да се пријават на огласот на компанијата.

„Според плановите на компанијата оваа година ќе се отворат околу 100 работни места за луѓе кои говорат германски јазик, додека во наредните 4 години планираат да го зголемат тој број на 500“, изјави министерот за привлекување странски инвестиции Висар Фида.

Оваа компанија, освен во БиХ, свои претставништва има и во Бугарија и во Србија.

 

Дијана Ценевска