Разговорите за медиумите продолжуваат попладне
17.02.2016 10:43
Според Ванхауте, работните групи ги чека уште многу работа.

Се уште нема договор за медиумите. Работните групи од четирите партии, со белгискиот посредник Питер Ванхауте, засилени со амбасадорите на САД и на Европската унија, Џес Бејли и Аиво Орав, разговараа до два часот наутро.
Според Ванхауте, работните групи ги чека уште многу работа. Рокот за постигнување договор истекнува, разговорите продолжуваат и попладне.
