За 24 часа издадени 234 потврди за азил
17.02.2016 11:17
Од први јануари годинава, заклучно со вчера биле регистрирани вкупно 81.404 мигранти...

Вчера биле издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил на вкупно 234 странски државјани. Најбројни, 96 биле државјаните на Ирак, 82-ца биле државјани на Сирија, а 56 од Авганистан.
Од први јануари годинава, заклучно со вчера биле регистрирани вкупно 81.404 мигранти. Сите тие, освен 10 лица, транзитирале кон северната граница на пат кон Западна Европа.
Скоро половина од мигрантите биле Сиријци, 25.587 од Авганистан и 16.542 од Ирак.
