Ќе се модернизира средното стручно образование
Министерството за образование избра интернационален конзорциум кој го сочинуваат признати експерти од Италија и Туција. Тие ќе одредуваат кои наставни програми треба да се унапредат или променат, по кои предмети ќе требаат нови учебници и наставни помагала.

Согласно потребите на пазарот на трудот ќе се реформира четиригодишното средно стручно образование. Со модернизацијата ќе бидат опфатени 14 струки, 52 образовни профили и 1.300 наставни програми.
Министерството за образование избра интернационален конзорциум кој го сочинуваат признати експерти од Италија и Туција. Тие ќе одредуваат кои наставни програми треба да се унапредат или променат, по кои предмети ќе требаат нови учебници и наставни помагала.
„Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и наука и Бирото за развој на образованието со поддршка на Светска банка кон крајот на 2015 година започна подготовки за модернизација на четиригодишното средно стручно образование. Интернационален конзорциум, согласно потпишан тригодишен договор со Министерството, треба да направи анализа на постојниот систем, да предложи измени и да ни помогне во реформирање на 14 струки, 52 образовни профили и 1.300 наставни програми“, изјави заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.
Овој конзорциум работел на реформирањето на стручното образование во Италија, Велс, Турција, Кина и многу други европски земји.
