ДИК: Почнува постапката за пречистување на избирачкиот список

17.02.2016 12:40

По пречистувањето на избирачкиот список, ќе биде познат точниот број на граѓани со право на глас, а избирачите преку интернет – страницата на Државната изборна комисија ќе можат да ги проверат своите податоци.

Државната изборна комисија го проверува системот, по што ќе почне постапката за пречистување на избирачкиот список. Обезбедени се податоците од десетте институции, а постапката на вкрстување, според членови на комисијата, се очекува да трае неколку дена. Ќе ја вршат три ИТ компании, а потоа ќе следи теренската проверка.

По пречистувањето на избирачкиот список, ќе биде познат точниот број на граѓани со право на глас, а избирачите преку интернет – страницата на Државната изборна комисија ќе можат да ги проверат своите податоци.

Во моментов, во избирачкиот список се запишани милион и 804 илјади гласачи.