Ново издание на Правописот на македонскиот јазик

17.02.2016 15:57

Во изработката на правописот беа вклучени 48 соработници, пред сѐ универзитетски професори од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Осовременет и освежен, со нови примери што ја отсликуваат современата состојба во македонскиот јазик, новиот правопис ја продолжува традицијата на стандардно јазичната форма поставена во далечната 1945-та година. 48 професори од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ беа вклучени во изработката на правописот.

Првиот македонски правопис е издаден пред 70 години. Досега имаше неколку дополнувања. Најновото издание е уште една заложба да се пополни празнината која во македонистиката се чувствуваше подолго време, рече министерката за култура Канческа- Милевска.

Според академик Митевски, писмениот човек во овој правопис ќе си најде верен сопатник и помошник во секојдневната работа.

Новото издание на Правописот на македонски јазик е запис за македонскиот збор, кодекс за неговата практична примена како жива јазична форма, насока како пишаното да се изговори и изговореното да се напише.

                           

Александра Перевска