Изборите на 24-ти зависат од партиите потписнички

17.02.2016 13:11

На 19-ти февруари, односно петок ќе ја претставиме нашата проценка. Сега во моментов ние немаме ништо, ништо сѐ уште не е подготвено. Може да се движи во кој и да е правец, сѐ е во надлежност на партиите, смета евроамбасадорот Орав...

Сѐ е во надлежност на партиите и засега ЕУ нема да излегува со посебна проценка, изјави евроамбасадорот Аиво Орав. Според него сега ќе се оценува само дали земјата е  подготвена за ибори на 24-ти април.

„На 19-ти февруари, односно петок ќе ја претставиме нашата проценка. Сега во моментов ние немаме ништо, ништо сѐ уште не е подготвено. Може да се движи во кој и да е правец, сѐ е во надлежност на партиите. Затоа сакам да нагласам дека извештајот на Прибе, ургентните реформски приоритети, се многу битни, но во оваа етапа ние нема да ги вклучиме во нашата оценка, бидејќи ние сега ќе оценуваме само дали земјата е подготвена за изборите на 24-ти април. Процесот со извештајот на Прибе ќе продолжи и натаму, поради препораката на Европската комисија. Затоа, по изборите ќе излеземе со извештај за напредокот според извештајот на Прибе и итните реформски приоритети“, изјави евроамбасадорот Орав.

Вицепремиерот Бесими со став да се имплементираат сите реформи за да може земајта да оди на слободни и демократски  избори според највисоки меѓународни стандарди.

„Важно е договорот од 2-ри јуни и протоколот од 15-ти јули да бидат имплементирани целосно. Партиите потписнички да ги имплементираат сите реформи сите усогласени прашања за да може земјата да оди на слободни, демократски избори според највисоките меѓународни стандарди. Воедно ја чекаме и оценката од Европската унија и САД согласно анализите што ги прават ОБСЕ/ ОДИХР, ИФЕС и ДИК. Но, од државен интерес е Македонија да ги направи сите потребни реформи за да оди на слободни  и демократски избори за да можеме да се фокусираме на реформи и економски развој на земјата како појасна евроатланска перспектива на земјата“, смета Бесими.