Прв дабл-дабл на Перо Антиќ
23.01.2014 11:30
Македонскиот интернационалец во дресот на Хокс, учествуваше со 10 поени и со 12 скокови (личен рекорд), во победата на Атланта на гости кај Орландо (109:112).
За 33 минути (личен рекорд) поминати во игра, Антиќ шутираше лошо од поле, 2 од 9 вкупно при што погоди само една тројка од 6 обиди. Од линијата за слободни, погоди 5 од 6-те упатени шутеви. Патем, еднаш асистираше и украде една топка.

Пол Милсап беше најефикасен кај победникот со 24, го следеше Џеф Тиг со 23 поени. Повторно сите стартери на Атланта беа двоцифрени во оваа категорија, а Корвер и натаму ја зголемува серијата на натпревари со барем една постигната тројка, сега на 110. Кај поразените, Оладипо реализира 24 поени, со 7 скокови и со 7 асистенции.
Антиќ полека ја зацврстува својата позиција во стартната петорка, со се поквалитетните настапи преку океанот. Нашиот (екс) капитен созрева и се прилагодува на стилот и на атмосферата, а основни показатели се минутите што ги добива и зголемениот ефект од натпревар во натпревар.
На другите натпревари од синоќешната НБА понуда:
Сан Антонио – Оклахома 105:111
Шарлот – ЛА Клиперс 95:91
Феникс – Индијана 124:100
Њујорк – Филаделфија 106:110
Вашингтон – Бостон 111:113
Кливленд – Чикаго 87:98
Торонто – Далас 93:85
Хјустон – Сакраменто 119:98
Милвоки – Детроит 104:101