Средното стручно образование ќе се реформира согласно потребите на пазарот на труд
Согласно потребите на пазарот на трудот ќе се реформира четиригодишното средно стручно образование. Со модернизацијата ќе бидат опфатени 14 струки, 52 образовни профили и 1.300 наставни програми. Министерството за образование избра интернационален конзорциум кој го сочинуваат признати експерти од Италија и Турција со големо меѓународно искуство во оваа област...

Согласно со потребите на пазарот на трудот ќе се реформира четиригодишното средно стручно образование. Ресорното министерство одбра интернационален конзорциум кој ќе го анализира сегашниот систем и ќе предлага измени во стручното образование. Реформирани ќе бидат 14 струки, 52 образовни профила и 1.300 наставни програми.
Конзурциоумот ќе одредува кои наставни програми целосно или делумно ќе се променат, по кои предмети ќе се изработуваат нови и ќе се преземаат врвни светски учебници. Ќе се набават и нови наставни помагала кои ќе ги унапредат стручните вештини на учениците. Консултантите очекуваат Македонија да добие образование по примерот на европските земји.
Реформата во стручното образование треба да заврши до 2018-тата и ќе се реализира етапно. Инвестицијата чини околу 2 милиона евра.
Викторија Милевска
