СЗО: Планот за сузбивање на вирусот Зика тежи 56 милиони долари
Вирусот Зика е проширен во 39 земји. Женева го објави планот за заеднички операции. Потребни се истражувања за да се процени присуството на вирусот во семената и телесните течности...

СЗО објави план за сузбување на вирусот Зика, кој вреди 56 милиони долари. Опфаќа зајакнување на надзорот на ширењето, контрола на комарците и брзи истражувања за производството на вакцината. Организацијата ќе учествува со 25 милиони долари.
Вирусот Зика е проширен во 39 земји. Женева го објави планот за заеднички операции. Потребни се истражувања за да се процени присуството на вирусот во семената и телесните течности, течностите поврзани со бременоста, но и за потенцијалното пренесување на Зика преку полов однос.
Генералниот директор на СЗО, Маргарет Чен вели: „Можната поврзаност со невролошките компликации и вонредните недостатоци брзо го изменија степенот на ризик од блага закана до вирус со мошне сериозни размери“.
Наведе дека се очекува финансиите да ги обезбедат државите чкенки и донаторите. Здравствените власти на Обединетите нации на 1-ви февруари прогласија глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот Зика кој се пренесеува преку каснување на комарец.
