Врачени 13 уверенија на идни судии и јавни обвинители

17.02.2016 15:00

Тие се првите кои ги исполнија новите, построги критериуми кои освен висок просек предвидуваа и тестови за интегритет, преку кои треба да се придонесе за поголема независност и квалитет на правосудството во земјава.

13 кандидати за судии и за јавни обвинители од петтата генерација на Академијата ги добија уверенијата, откако ги минаа двегодишните обуки. Тие се првите кои ги исполнија новите, построги критериуми кои освен висок просек предвидуваа и тестови за интегритет, преку кои треба да се придонесе за поголема независност и квалитет на правосудството во земјава.

8-мина од кандидатите кои завршиле за обвинители ќе бидат распределни во оние обвинителства кои се соочуваат со недостиг од кадар. Според проценките, во обвинителствата се потребни уште 60 јавни обвинители.