Расправа за медиумите во Собранието
За медиумите се расправаше и во Собранието. Се отворија повеќе теми, од европската регулатива и нејзината примена во праксата, до рекламирањето, саморегулацијата, финансирањето на јавниот сервис...

Имаме европски закони, наспроти праксата дали ни е потребен нов или изменет закон за медиуми. На јавна расправа во Собранието дебатираа новинари експерти и пратеници. Дали владините реклами треба да се емитуваат само во комерцијалните медиуми. Независното новинарство е двигател на демократијата и плурализмот истакнаа говорниците. Сите се согласни дека треба отворена дискусија за тоа што им е потребно на медиумите.
Дел од говорниците сметаат дека саморегулацијата треба да биде оставена на медиумите. Препораките од меѓународниот фактор треба да се почитуваат, но не и тие да се искористат во политички цели- беше истакнато на дебатата.
Се слушнаа и различни ставови околу фунционирањето на јавниот сервис. Размислувањата одат во насока дека е потребно стабилно финансирање со фиксен процент од буџетот, но и со формален процент да остане да се плаќа радиодифузната такса.
Миле Ристески
