Боцевски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

17.02.2016 16:48

Не постои ништо што би можело да го расколеба претседателот Иванов да донесе одлука спротивна на онаа дека во земјава ќе постојат само два транзитни центри...

Измислица е дека претседателот Иванов договорил поставување на бегалски кампови за илијадници бегалци во Македонија, изјави советникот на претседателот Ивица Боцевски.

Не постои ништо што би можело да го расколеба претседателот Иванов да донесе одлука спротивна на онаа дека во земјава ќе постојат само два транзитни центри во кои се евидентираат бегалците и им се укажува хуманитарна помош.

Прашањето дали ќе има или ќе нема бегалски кампови на територијата на Македонија претседателот Иванов го затвори на самитот во Брисел во октомври 2015 година. На тој самит точно и јасно беше кажано дека на територијата на Република Македонија ќе има само два транзитни центри, на југот за 1.500 бегалци, и на север за 500 бегалци, каде што ќе им се даде елементарна хуманитарна помош, храна, и каде што ќе се врши регистрација на бегалците, изјави Боцевски.