Нова средба на работната група за медиумите
18.02.2016 10:15
Синоќа на средбата во Клубот на пратениците, на која присуствуваа и амбасадорите на ЕУ и на САД, Бејли и Орав, биле разгледани одредени нови идеи, но нема конкретен договор.

Партиските работни групи и посредникот Ванхауте треба да ги продолжат разговорите за реформи во областа на медиумите.
Синоќа на средбата во Клубот на пратениците, на која присуствуваа и амбасадорите на ЕУ и на САД, Бејли и Орав, биле разгледани одредени нови идеи, но нема конкретен договор.
На Твитер, Ванхауте напишал: „Има напредок, ќе ги продолжиме разговорите утре попладне“.
