Фајнман: Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ
18.02.2016 10:24
Според Фајман, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија се исправени пред предизвик, откако Грција покажала дека не е во состојба да ја обезбеди надворешната граница.

Македонските граници не се надворешни граници на ЕУ, изјави австрискиот канцелар Вернер Фајман, за виенскиот дневник „Курир“. Според Фајман, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија се исправени пред предизвик, откако Грција покажала дека не е во состојба да ја обезбеди надворешната граница.
Сепак, австрискиот канцелар изјавил за весникот дека Македонија не е членка на Унијата, и затоа македонската граница не може да биде надворешна европска гранична линија.
Австрија годинава ќе прими само 37.500 бегалци, а останатите преку реадмисија треба да се вратат во матичните држави.
