Европскиот совет ќе расправа за „Брексит“ и бегалската криза

18.02.2016 10:38

Лондон со најавениот референдум за напуштање на Унијата, побара нови посебни правила да важат за Обединетото Кралство.

Денеска попладне Eвропскиот совет ќе расправа за „Брексит“, новиот термин што ја притиска ЕУ. Лондон со најавениот референдум за напуштање на Унијата, побара нови посебни правила да важат за Обединетото Кралство.

Тие се однесуваат на миграциската политика и на заштитата на економијата на Велика Британија.

Тема на денешниот состанок на лидерите на Унијата е и бегалската криза, односно приближувањето на ставовите околу можните решенија на кризата.