Претседателот Барак Обама идниот месец ќе ја посети Куба

18.02.2016 10:40

Засега нема официјална потврда на информацијата, но се очекува таа да биде потврдена подоцна денеска.

Политички и дипломатски извори во Вашингтон за Си-Ен-Ен изјавија дека американскиот претседател Барак Обама наредниот месец ќе ја посети Куба.

Засега нема официјална потврда на информацијата, но се очекува таа да биде потврдена подоцна денеска.

Долгоочекуваната посета на еден претседател на САД, на соседна Куба, доаѓа по обновата на дипломатските односи меѓу Вашингтон и Хавана, во декември 2014-та година.

Оттогаш, беа олеснети ограничувањата за патување, повторно беа отворени економските канали, а беше постигната согласност и за обнова на воздушниот сообраќај.