За 24 часа издадени нови 572 потврди за азил

18.02.2016 10:46

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија- 189, потоа на 176 државјани на Авганистан и на 207 државјани на Ирак.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 572 странски државјани, од кои 169 од машки и 121 од женски пол, како и на 280 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, соопшти МВР.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија- 189, потоа на 176 државјани на Авганистан и на 207 државјани на Ирак.

Од почетокот на годинава до вчера, издадени се потврди на вкупно 81.976 странски државјани, од кои 32.668 се од машки пол, 17.752 се од женски и 31.369 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 187  деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-39.461, Авганистан-25.763 и Ирак-16.749.

Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица, седум од Авганистан и три од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17.02.2016 година евидентирани се вкупно девет баратели  на азил од кои шест мажи, една жена и две деца со придружба на старател.

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.