Иранските банки повторно во светскиот банкарски систем
18.02.2016 11:30
За прв пат по четири години се воспостави прекуграничен трансфер на средства...

Иранските банки почнаа повторно да се поврзуваат во меѓународниот платежен систем познат како „Свифт“.
Со тоа за прв пат по четири години се воспостави прекуграничен трансфер на средства.
Ова се случува по повлекувањето на економските санкции во минатиот месец, односно по стапувањето во сила на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили.
