Димитриев: Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите партии

18.02.2016 13:08

Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино...

Сите партии го потпишаа договорот, датумот за изборите е законски дефиниран и тој е дел од договорот, изјави претседателот на владата за спроведување на предвремените собраниски избори, Емил Димитриев.

„Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино. Засега не гледам ниту една причина тој датум, односно закон да биде дискутабилен. Сметам дека треба да се држиме до она што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија“, изјави Димитриев.