Пакистан: Најмалку 9 полицајци убиени во напади на талибанците

18.02.2016 13:34

Двата напада биле извршени во текот на ноќта врз полициски сили во област во која талибанците се многу активни. Одговорноста за нападите ја презеде фракција на пакистанските талибанци.

Во два одвоени напади во племенска област во северозападниот дел на Пакистан се убиени најмалку девет припадници на безбедносните сили.

Двата напада биле извршени во текот на ноќта врз полициски сили во област во која талибанците се многу активни. Одговорноста за нападите ја презеде фракција на пакистанските талибанци.

Минатиот месец талибанците го нападнаа универзитетскиот комплекс во Чарсада, во близина на Мохманд, и притоа убија најмалку 21 лице.