Владата ќе ги финансира Злетово и Тораница до нивната продажба
Владата на последната седница донела одлука за финансирање на одржувањето на рудниците Тораница и Злетово со 60 илјади евра во денарска противвредност, сметано од декември 2015 година до јули 2016 година.

Владата ќе го финансира одржувањето на двата рудника, Злетово и Тораница, се до нивната продажба и рестартирање.
„Владата донесе одлука со која го презема одржувањето бидејќи во ситауција кога немаме концесионер, имаме правен основ, уште повеќе и обврска да се грижиме за одржување на рудниците до нивната продажба и добивање нов сопственик“,премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.
Владата на последната седница, како што соопшти Димитриев, донела одлука за финансирање на одржувањето на рудниците Тораница и Злетово со 60 илјади евра во денарска противвредност, сметано од декември 2015 година до јули 2016 година, период кој треба да се поклопи со периодот на изнаоѓање на нов инвеститор и рестартирање на рудниците.
Прмеиерот Димитриев информира дека со вработените дискутирале за актуелните состојби што преземава Владата за нов рестарт на овие крупни капцитети во Република Македонија.
За концесии за ископ на рудата се пријавиле три реномирани компании.
