Бесими на работна посета во Кралството Шпанија

23.01.2014 12:08

Заменик претседателот на Владата на Република Макеоднија задолжен за европски прашања,  д-р Фатмир Бесими,  ќе оствари работна посета на Кралството Шпанија.

За време на посетата Вицепремиерот Бесими ќе оствари средба со Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Гарсија-Маргаљо и Марфил, Претседателот на шпанскиот Сенат, Пио Гарсија Ескудеро како и со претседателот на Конгресот, Хесус Мариа Посада Морено.

На средбите Бесими ќе се фокусира на подршката на Кралството Шпанија во евроинтегративниот процес на нашата земја а исто така ќе се дискутира и за можностите за поинтензивна економска соработка помеѓу двете држави.