Универзалната сала ќе се реконструира
Новиот изглед на јајце што беше предвиден, би чинел 60 милиони евра, проектот пак за реконструкција 16 милиони...

Нема да се гради нова Универзална сала, која според првичниот проект требаше да биде во облик на јајце. Причина е високата цена од околу 60 милиони евра кои ги побарала проектантската куќа. Сега е во план да се направи реконструкција и надградба на веќе постојниот објект. Зафатот ќе чини 15 милиони евра.
„Да се продолжи прокетот за реконструкција и доградба на одделни пропратни содржини, кои ќе влезат во овој постоечки објект. Сепак, оваа одлука верувам дека ги оправдувас и барањата на граѓаните, здруженијата и уметниците, да остане постоечкиот објект“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.
Универзална ќе го задржи ликот – уверува градскиот татко. Ќе се изградат нови сали, ќе се направи паркинг.
„Ќе биде на истата локација, со паркинг просор, според сите стандарди на урбанистичкото планирање. Со тоа градот Скопје ќе добие една нова, модерна, функционална универзална сала, односно конгресен центар“, изјави Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје.
Универзалната сала од јануари 2015-та година е преименувана во Конгресен центар „Александар Македонски“.
Александра Перевска
