Поделени ставови околу формирањето Центар за трансплантација

18.02.2016 16:11

Нов центар за трансплантација, да или не? Поделени ставовите меѓу фелата. Од Министерство за здравство велат дека со неговото формирање ќе може да се прават трансплантации кои досега не се извршувале кај нас. Освен бубрези и коскена срцевина, ќе се пресадуваат црн дроб, бели дробови, панкреас, срце и други органи и ткива. Фокусот ќе биде и на трансплантација од починат дарител, за што е потребно едуциран кадар.

„За кадаверична трансплантација потребно е да се има кадар кој ќе биде достапен 365 дена во годината  поради што треба да се фокусираме на едукација на кадар“, изјави Тања Васиќ Бозаџиева, Министерство за здравство.

„Убаво кажано, но тешко остварливо, сакате да кажете дека сакате да отворите клиника, а немате кадар. Дека ние ќе треба таму да одиме да работиме. Благодарение на нашиот ентузијазам со колегите од нефрологија така се случи кадаверичната трансплантација, ние сме способни не 365 дена, секој ден сме на повик“, вели д-р Сашо Дохчев, Клиника за урологија.  

За да може Македонија да биде дел од мрежата на Еуротрансплант треба да исполни определени обврски. Според нефрологот Гоце Спасовски, еден од условите е европски акредитирана лабораторија.

„Исто така не ве примаат ако немате не го исполните условот на 10 починати дарители на милион жители. На мала земја како нашата со два милионa жители ни требаaт 20 пациенти како услов да влеземе во Еуротрансплант, а тоа значи 40 бубрега“, вели д-р Гоце Спасовски, нефролог.

Дел од лекарите сметаат дека ако се носи закон, тој да не биде на штета на пациентите. Предлагачот на законот пак, појаснува дека не се формира нова Клиника само за трансплантација на бубрези туку на сите ткива и органи.

За четири години на Клиниката за урологија се извршени околу 115 пресадувања на бубрег.

Андријана Атанасовска