Нови седум проекти за младите
Нови седум проекти за младите објави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „Деструкцијата на СДСМ нема на народот да му ги реши проблемите, ние ќе создадеме уште многу нови дела“, рече тој...

Студентите кои се издржуваат од самохрани родители ќе добијат за 50% пониска партиципација за студирање, оние кои ќе се запишат на државните технички факултети, а нивните родители имаат примања пониски од просечната нето плата, двојно помала партиципација – Ова се дел од новите седум мерки за млади кои ги објави претседателот на вмро-дпмне, Никола Груевски. Најави дека ќе се гради нова национална математичка гимназија во Скопје.
Под менторство на научници од МАНУ и на универзитетски професори, средношколците ќе совладуваат напредни математички операции по специјализирани програми. Планинарно е да се возобнови учителската школа урната во земјотресот.
„Овој објект ќе биде просторно решение за некоја од државнте високообразовни установи, која во моментот нема свои простории, а младите од таа установа ќе учат во технички напредни простории и ќе имаат современи услови. На изборите народот одлучува. Изборите ќе бидат одговор кој СДСМ ќе го добие не од ВМРО-ДПМНЕ туку од граѓаните на Македонија, одговор кој ќе биде громогласно НЕ за сите нивни манипулации, афери, закани“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Во состав на спортската сала „Борис Трајковски“, ќе се гради отворен базен, а Охриѓани ќе добијат модерен конгресен центар. Ќе се градат шест монтажни бини на кои ќе се одржуваат културни манифестации.
Анита Димитријевска
