ЕУ и САД ќе ја објават проценката за изборите

19.02.2016 10:27

Од една страна, 24-ти април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во неговата имплементација, изјави завчера евроамбасадорот Аиво Орав.

Амбасадорите на Европската унија и на САД, Орав и Бејли, треба да ја претстават нивната процена дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24-ти април.

Од една страна, 24-ти април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во неговата имплементација, изјави завчера евроамбасадорот Аиво Орав.

Појасни дека извештајот на Прибе е многу важен, но во оваа фаза Европската унија не го вклучува во проценката.