Интензивни напади врз Курдите во северна Сирија

19.02.2016 10:41

Според информациите, нападите почнале пред повеќе од пет часа и се уште траат. Напредувањето на курдските „сили за заштита на народот“, кои од воздух се поддржани од Русија, ја загрижи Турција, која од саботата почна да ги бомбардира.

Турската армија изведува интензивни воздушни напади врз регионите под контрола на курдите во северна Сирија, пренесуваат француските медиуми.

Според информациите, нападите почнале пред повеќе од пет часа и се уште траат. Напредувањето на курдските „сили за заштита на народот“, кои од воздух се поддржани од Русија, ја загрижи Турција, која од саботата почна да ги бомбардира.

Пред извесно време курдските сили во Сирија во северниот дел на провинцијата Алепо, во непосредна близина на турската граница, зазедоа неколку села, кои беа контролирани од бунтовниците.

Турција вчера за првпат го нападна Африн при што беа убиени двајца, а ранети уште 28 цивили.