ЕУ вети засилена борба против тероризмот по нападот во Анкара
19.02.2016 10:52
Шефовите на држави или влади на земјите од ЕУ во заедничка изјава истакнаа дека актите на тероризам се неприфатливи ...

Земјите од ЕУ ветија дека ќе ги зголемат напорите во борбата против тероризмот по терористичкиот напад во турската престолнина Анкара.
Шефовите на држави или влади на земјите од ЕУ во заедничка изјава истакнаа дека актите на тероризам се неприфатливи и додадоа дека ќе ги зголемат напорите за справување со тоа зло, во соработка со партнерите.
