Сеул и Вашингтон планираат најголеми вежби досега
19.02.2016 11:05
Во вежбите кои ќе почнат во март ќе учествуваат 15 илјади американски војници, двојно повеќе од минатата година.

Јужнокорејското министерство за одбрана соопшти дека претстојните годишни воени вежби на Јужна Кореја и на САД ќе бидат најголеми досега.
Тоа е знак на зголемените тензии со Северна Кореја која неодамна изведе нуклеарни и тестови на балистички проектили.
Во вежбите кои ќе почнат во март ќе учествуваат 15 илјади американски војници, двојно повеќе од минатата година.
Пјонгјанг тврди дека воените маневри секоја година се подготовка за инвазија на северот.
