Милениумски роденден со монографија
Oваа година Прилеп ја поврзува со илјада години откако во пишаните документи се споменува со име од кое е изведено денешното. Ќе се печати монографија, а се што ќе се случува ќе биде во знакот на еден милениум.
Оваа е милениумска година за Прилеп. Откако се споменува во пишаните споменици како –Прилапон. Градските власти решија – ќе прославуваат милениумски роденден.

- Со Друштвото за наука и уметност, локалната самоуправа планира да издаде една монографија за градот која ќе го опфати Прилеп низ милениумот, вели Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа.
Се се поврзува со византискиот хроничар Јован Скилица.
- Скилица за првпат го споменува името на градот Прилеп во формата Прилапон кога во градот Самоил ги пречекал своите ослепени војници по битката на Беласица, 1014 година, вели д-р Влатко Караџоски од Институтот за старословенска култура
Тврдината во кулите игра значајна улога.
Во тврдината под Марковите кули на 6 октомври 1014 година Самоил ги пречекал ослепените војници. Тогаш прв пат византискиот хроничар Прилеп го нарекува Прилапон.
Прилепчани главно, изненадени. Некои сакаат дебати.
Убава работа е штом Прилеп се споменува одамна.
Тие афинитети треба подлабоко да се откриваат.
Нешто незамисливо за историјата.
Како населба во овој дел од Пелагонија се споменува уште од неолитот.
Имаме во античкиот, римскиот, односно хелинистичкиот период, но оваа населба во која денес живеме таа настанува по тој период, од 1014 година, вели Караџоски од Институтот за старословенска култура.
Градските власти сакаат јавно гласање - прилепчани да одберат амблем – заштитниот знак за првата илјадарка што ќе се врзува за градот.
Елизабета Митреска
Снимател и монтажа: Илчо Димески