Изложба на графики од Пикасо во галеријата на МКЦ

19.02.2016 11:23

Ќе бидат претставени 46 графички дела - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, од периодот 1932 - 1969 година.

Во галеријата на Младинскиот културен центар од денеска до 16-ти март ќе биде поставена ексклузивна изложба на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо.

Ќе бидат претставени 46 графички дела - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, од периодот 1932 - 1969 година.

Делата се во сопственост на приватната галерија „Висконти“ од Љубљана.

Пабло Пикасо создаде еден од најобемните графички опуси кој можеби нема конкурент меѓу уметниците од 20 век.