Расте бројот на заболени од грип, најмногу во Скопје
19.02.2016 12:31
Во периодот од 8-ми до 14-ти февруари во државава од 30 извештајни единици се пријавени 4.230 случаи на грип или заболувања слични на грип...

Расте бројот на заболени од грип. Во периодот од 8-ми до 14-ти февруари во државава од 30 извештајни единици се пријавени 4.230 случаи на грип или заболувања слични на грип, што е зголемување за 35 насто во однос на минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје.
Пријавени се два смртни случаи во Битола со историја на хронични болести. Најголем број заболени се пријавени во Скопје, Струмица и во Битола.
