За 24 часа издадени 1.212 потврди за азил

19.02.2016 12:39

Според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјаните на Сирија- 713, на 296 државјани на Авганистан и на 203 државјани на Ирак.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.212 странски државјани, од кои 493 од машки и 269 од женски пол, како и на 439 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 11  деца кои патувале без родител, соопшти МВР.

Според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјаните на Сирија- 713, на 296 државјани на Авганистан и на 203 државјани на Ирак.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 83.188 странски државјани, од кои 33.161 се од машки пол, 18.021 се од женски и 31.808 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 198  деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-40.174, Авганистан-26.059 и Ирак-16.952.

Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.