Почина родилка во Прилеп, од болницата тврдат преземени сите потребни мерки

19.02.2016 12:53

Директорот на болницата Петар Ристевски рече дека навреме биле преземени сите потребни мерки за да се спаси животот на 21-годишната родилка.

Во прилепската општата болница, ноќеска околу два часот по полноќ, при породување починала родилка. Новороденчето, кое е од машки пол е живо.

Директорот на болницата Петар Ристевски рече дека навреме биле преземени сите потребни мерки за да се спаси животот на 21-годишната родилка.

Иако е се направено според медицинските протоколи во третманот на пациентката, сепак од засега нејасни причини родилката починала. Најблиските се сомневаат на лекарска грешка.