Организиран транспорт на мигрантите

19.02.2016 13:05

Заеднички ќе се штити граничната зелена зона меѓу Македонија и Грција и ќе се гарантира за мигрантите што се регистрирани во Гевгелија.

Полициите на Хрватска, Австрија, Словенија, Србија и на Македонија во Загреб се договорија на Македонско-грчката граница да се врши контрола и регистрација на мигрантите кои потоа организирано ќе се превезуваат од држава до држава, со крајна дестинација Австрија и Германија.

Заеднички ќе се штити граничната зелена зона меѓу Македонија и Грција и ќе се гарантира за мигрантите што се регистрирани во Гевгелија.

Договорените мерки стапија во сила веднаш. За договорот ќе биде информиран и Европскиот совет, а ќе се побара во рутата да бидат вклучени Бугарија и Албанија.