Шест лица повредени во сообраќајна несреќа

19.02.2016 11:46

Причинета е материјална штета од 100 илјади денари, информираат од СВР Тетово.

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Тетово - Јажинце на мостот на Вратничка Река.

Причинета е материјална штета од 100 илјади денари, информираат од СВР Тетово.

Во несреќата учествувале две возила и автобус. Тешко повредената со фрактура на карличната коска итно била пренесена на скопските клиники.