Образование: Реконструкција на 60 училишта и изградба на уште 6 нови

19.02.2016 15:08

Реконструкција на 60 училишта и изградба на уште 6 нови објекти, најави заменик министерот за образование и наука Ристовски. За оваа намена од буџетот се одвоени 450 милиони денари...

Градење на 10 нови училишта и реконструција на 60 низ цела држава е предвидено за  годинава.  Во дел од училиштата веќе се спроведуваат активностите, а другите ќе почнат во зависност од временските услови. „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела вода и „Димитрие Поп- Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров се очекува во септември да ги отворат вратите за нови ученици. 

Министерството за образование денеска соопши детали за државниот натпревар за избор на најдобра интернет страница, наменет за сите основни и средни училишта за учебната 2015/2016 година.

Јавниот повик е веќе објавен на страницата на Министерството за образование  и сите основни и средни училишта во земјата за учество ќе можат да се пријават најдоцна до 31 мај 2016 година. 

Селекцијата и рангирањето во две категории ќе ги спроведе Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска