Фишер: Предвремени избори на 24-ти април

19.02.2016 15:13

Претстојните избори во Македонија се најважниот дел на демократијата...

Претседателот на групата на Европски народни партии и на Демохристијаните во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Аксел Фишер, преку пишана изјава го поддржа одржувањето на предвремените парламентарни избори во Македонија на 24-ти април.

Претстојните избори во Македонија се најважниот дел на демократијата. На тој ден граѓаните имаат можност да ги изберат своите претставници и ниту една партија, организација или институција не може да го попречи ова право, стои во изјавата на Фишер.